На „Бихачка“ интензивни средби на Заев, Ивановски и Јовановски

Од:

Интензивни состаноци меѓу тројцата кандидатите за наследник на Бранко Црвенковски на лидерското место на СДСМ, Зоран Заев, Зоран Јовановски и Игор Ивановски.

Разговорите ќе бидат до денеска до 16 часот кога ќе треба за исходот, дали успеале да се договорат да се намали бројот и да застанат зад еден кандидат, да го информираат актуелното раководство на партијата.

Партиски извори на А1он велат, дека вечерва ќе се состане и Извршниот одбор, кога ќе се утврди и кој, освен Кире Наумов ќе влезе во претседателската трка во опозициската СДСМ.

Според СДСМ идејата за намалување на бројот на кандидатурите е поради сличните програми и концепти поднесени од Заев, Јовановски и Ивановски.

Ова според партиски извори ќе значи и спречување на можните поделби, и по Конгресот партијата да излезе поединствена и посилна.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО