На бензинска на Табановце ограбен украински возач на автобус

Од:

На автопатот Табановце – Куманово на бензинска пумпа вчера околу 7 часот непознат сторител извршил кражба од автобус марка „Бабхол” и одзел една торбичка-несесер во која имало украинска патна исправа и возачка дозвола, околу 40 евра и 300 ривна (украински монети) во разни апоени, сопственост на возачот на автобусот кој е украински државјанин.

Сторителот го искористил отсуството на возачот и ја одзел торбичката и без да биде забележан го напуштил местото на настанот.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он