На автобуска во Охрид уапсен е уценувач кој барал 300 евра

Од:

Охридската полиција денеска на Меѓуградската автобуска станица во градот го уапсиле Б.П.(37) од Охрид, постапувајќи по претходно испратена телеграма од ОВР Кочани во врска со извршени кривични дела „уцена“ и „изнуда“ по член 259 и член 258 од Кривичниот законик.

„Имено, на автобуската станица тој ја подигнал пратката наменета за него во која имало 300 евра во апоени од по 50 евра, кои претходно биле криминалистичко – технички обработени по наредба на ОЈО Кочани. По претходно добиена наредба од судија за претходна постапка од Охрид, извршен е претрес врз лицето, при што се пронајдени банкнотите. Исто така, со судска наредба е извршен претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на случајот, а во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Претреси во Охрид поради лихварство и изнуда, уапсено е само едно лице

Скопјанец се обидел да изнуди 16.500 евра од познаник, па бил уапсен

Горан Наумовски

Момче од Косово со експлицитни фотографии уценувал девојка од Тетово

Горан Наумовски

Ја уценувал: Или 300 евра или ќе објави компромитирачки фотографии и видеа

Маж следел малолетничка и ја уценувал, па и го украл мобилниот телефон

Командири му платиле по 2.000 евра на затвореник кој ги измамил ветувајќи им унапредување: Вонреден надзор во Идризово

A1on