На АП Криволак заврши „Македонски Блесок – 12“

Од:

Припадниците на декларираната ренџерска чета (рч) со демонстрација на постапките на показната вежба со боево гаѓање „Ренџерски вод во реакција и извлекување од контакт“, која денеска се реализира на Армискиот полигон (АП) „Криволак“ во рамки на програмата за Денот за високи гости го означија завршетокот на  „Македонски Блесок-12”.

Во текот на реализација на вежбата, соопшти денеска Генералштабот на АРМ, ренџерите прикажале висока обученост и извежбаност при демонстрирање на борбени постапки и ситуации кои биле дел од содржините за НАТО оценувањето Ниво-1 на вежбата „Македонски Блесок-12” кое се спроведе во текот на вежбата.

НАТО оценувањето ниво 1 на  декларираната рч, се посочува, се реализира согласно Концептот за оперативни способности на НАТО, а е спроведен од оценувачки тим составен од претставници на армии од земји членки на НАТО и Партнерството за Мир (ПзМ).
Денешната активност покрај министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски и началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковки ја проследиле и генерали на АРМ, команданти на единици, претставници од Канцеларијата за врски на НАТО, асоцијацијата на воените аташеа акредитирани во Република Македонија и други високи гости.

– Во текот на вчерашниот ден на командирот на оценуваната единица и раководството на вежбата им е соопштена првичната оценка од спроведеното оценување согласно концептот за оперативни способности на НАТО, која е позитивна и во согласност со прикажаната висока обученост на припадниците на единицата, стои во соопштението од ГШ на АРМ.

На вежбата учествуваа 250 припадници од 21 држави на НАТО и ПзМ, а за време на траењето на вежбата се реализира и „32.  Курс за обучување на оценувачи во НАТО, според концептот за оперативни способности“.

Вежбата „Македонски Блесок 12“ претставува продолжение на циклусот вежби кои ги изведуваа припадниците на АРМ во досегашниот период и уште една потврда, се подвлекува во соопштението, за исполнувањето на стандардите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

АРМ се поднови со 29 лесни оклопни возила

Левица: Одбиени без причина: Конкурс за 60 офицери, а решение за 29, останатите – жртви на партиски пазарења

Членовите на Постојаниот комитет на Парламентарното собрание на НАТO во „контрола“ на касарната „Илинден“

Сиљановска-Давкова: Безбедносните закани бараат големи вложувања во одбраната, напредните технологии и оружја

Горан Наумовски