На „Ало докторе“ 1.280 повици изминатата недела

Од:

Вкупно 1.280 повици се регистрирани на телефонската линија за медицински совети „Ало докторе“ во изминатите седум дена.

Јавувањата најчесто се за совети поврзани со респираторни симптоми, кардиоваскуларни, главоболки, покачена телесна температура, кашлици и симптом на болка.

На лицата кои побарале здравствена помош им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија.

На линијата, која е отворена секој ден 24 часа, непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето може да се добијат од 25 доктори кои се достапни за јавувањата од граѓани од сите градови на Македонија.

Од воведувањето од 15.09.2014 досега на линијата „Ало докторе“ 02/15 123 за медицински совет се регистрирани вкупно 138.790 повици.

Би можело да ве интересира

На „Ало докторе“ 1.375 повици за една недела

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ за една недела 1.261 повик

Ана Ололовска

На „Ало докторе“ досега 145.832 јавувања

Наум Локоски

На „Ало докторе“ за една недела 1.231 повик

Ана Ололовска

Измината недела 1.294 повици на Ало докторе

Наум Локоски

Зголемен бројот јавувања на „Ало докторе“ по серијата земјотреси

Емир Латифовиќ