На 29 јули интерпелација за републичкиот јавен обвинител – Љупчо Коцевски

Од:

За интерпелацијата за работата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, поднесена на 26 јуни од пратеничката група на Левица, ќе се расправа во рамки на 64. собраниска седница закажана на 29 јули, наведено е на собраниската веб-страница.

Партијата Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочува дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски.

Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје“ – се вели во интерпелацијата објавена на веб-страницата на Собранието.

Додаваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски во Јавното обвинителство владее нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани се и надворешните политички влијанија врз неговата работа“, за што сметаат дека е одговорен Коцевски.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието