На 22 август почнува судењето за Чавков и пратениците за „крвавиот“ четврток

Од:

Првото рочиште за „крвавиот четврток“, судијката Добрила Кацарска го закажа за наредната недела, 22 август, соопшти кривичниот суд во Скопје.

„Првата главна расправа по предметот е насрочена за 22.08.2018 год. во 10:00 часот, а за следниот период насрочени се вкупно 37 термини за главна расправа, за што веќе се изготвуваат наредби за спровод за обвинетите кои се наоѓаат во куќен притвор како и покани за останатите странки во предметот“, се вели во соопштението на судот.

Инаку, за овој предмет на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинети се 30 лица, меѓу кои и поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков и пет пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски

Сулејмани: Обвинителството на Ислам Абази даде позитивно мислење за амнестија на организаторите на 27 април

А1он

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски