На 10 или 11 април седница за недоверба на Владата, на 13 април за реформскиот пакет

Од:

Седницата на Собранието на која ќе се најдат реформските закони треба да се одржи на 10 или 11 април. Ова е еден од заклучоците на денешната средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со координаторите на пратеничките групи, на која не присуствуваше претставник на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Враќањето на опозицијата во работата на Парламентот беше најавено синоќа од лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, но како што посочуваат од пратеничката група тие ќе се вратат во Собранието со една точка, а тоа е интерпелацијата на Владата.

Очекувањата се дека деновиве ВМРО-ДПМНЕ ќе го изготви предлогот, но не се знае кога ќе биде доставен до архивата на Парламентот. Седницата треба да биде закажана најдоцна во рок од три дена по поднесувањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ, сепак, велат дека нивните очекувања се дека седницата за недоверба на Владата би била по велигденските празници.

Дали ќе учествуваат на седницата со реформските закони, за кои Мицкоски синоќа рече дека речиси се усогласени, оттаму велат дека ќе учествуваат доколку претходно се одржи седницата за интерпелација на Владата.

Тоа би значело дека доколку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе иницијативата за интерпелација на Владата пред Велигден седницата да биде закажана на 10 април, а веднаш потоа на 11 април да биде закажана седницата за реформските закони.

Од владејачкото мнозинство брифираат дека сакаат овие закони да бидат донесени до 13 април, пред Извештајот за напредокот за земјата на 17 април.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски