МЗЗПР: Работодавачите да ги пријават настраданите од автобуската несреќа кај Ласкарци за дополнителни бенефиции

Од:

Според Законот за безбедност и здравје при работа, сите патници што настрадаа во автобуската несреќа кај селото Ласкарци, а кои биле во работен однос и патувале кон својот дом, при што се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд како несреќи на работното место, соопшти Македонско здружение за заштита при работа. Оттаму предупредуваат дека непостапувањето на овој начин е прекршување на Законот и е предмет на прекршочна постапка.

Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:

„Да имаат можност во полн износ (100%) од платата да им биде исплатена за време на периодот на заздравување (имајте в предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);

„Отсуството од работното место да биде заведено како “повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;

„По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот,“ додаваат од Македонско здружение за заштита при работа.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево