МЗШВ: Земјоделците од Тетовско да ги пријават штетите од поплавите

Од:

Од денеска до 16 јуни сите носители на земјоделски стопанства или организации на производители, односно од неевидентирани земјоделски стопанства, можат да поднесуваат барање за проценка на штети на земјоделските површини од климатски неповолниот настан кој што го зафати тетовскиот регион на 5 јуни, соопштија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Барањата треба да се доставуваат во подрачните единици на ова Министерство, а во прилог на барањето земјоделците треба да достават и фотокопии од лични документи и трансакциска сметка, како и фотокопија од документ за доказ за користење или сопственост на земјоделското земјиште.

– Согласно одлуката на Владата на Република Македонија од 6 јуни, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски за проценката на штетите формираше две комисии од подрачна единица Тетово. Тие веќе направија првичен увид на земјоделските стопанства од тетовското село Порој, чии ниви беа погодени од невремето во понеделникот, односно од излевањето на водотекот наречен Порој, се вели во соопштението од МЗШВ.

Од теренскиот увид Комисиите ќе изготват записници, кои ќе бидат доставени до Секторот за анализа на земјоделска политика во МЗШВ. Секторот, записниците ќе ги проследи до Бирото за судски вештачења, кое ќе изготви извештаи со проценка на настаната штета поединечно за секој барател.

Исплатата, како што информираат од Министерството, ќе биде преку Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој, која за секој подносител на барање ќе изготви решение за исплата за настанатата штета.

Би можело да ве интересира

Поради излевање на Вардар пренасочен сообраќајот на патот Гостивар-Чегране, снег на Деве Баир, Делчево, Страцин и Пониква

Катерина Ѓуровски

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски