МЖСПП: Подари ѝ „климатска акција“ на својата планета

Од:

Со повик за #КлиматскаАкција Министерството за животна средина и просторно планирање се приклучува кон одбележувањето 22 Април – Денот на планетата Земја.

– И уште поголема мотивација е што оваа година ја одбележуваме 50-годишнината од воспоставувањето на овој ден како меѓународен ден на кој целата светска јавност ја манифестира подготвеноста да го заштити својот единствен дом за живеење- планетата Земја, истакнаа од МЖСПП.

Од Министерството наведоа дека огромните предизвици – но и огромните можности – за дејствување во врска со климатските промени го истакнаа ова прашање како најгорливата тема достојна за одбележување на овој јубилеј.

– На крајот на 2020 година, од народите ќе се очекува да ги зголемат своите национални обврски кон Договорот од Париз за климатските промени од 2015 година, и токму сега е време граѓаните да се повикаат на поголема глобална амбиција за решавање на климатската криза, посочија од МЖСПП.

Од Министерството посочија дека Денот на планетата Земја е многу повеќе од еден ден, а нивна цел е #КлиматскаАкција да стане практикувано секојдневно однесување.

– Во специфични услови на пандамија, ограничени можности за движење и дигитализација на сите наши активности, ја упатувме јавноста да ја посети националната комуникациска платформа која е изработена во партнерство со Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), (проекти поврзани со климатски промени) за да се информира за бројните климатски акции што ги преземаат поединци, домаќинства, бизнис заедницата, граѓанските здруженија, младите, но во исто време и да ги внесе сопствените климатски акции. На овој начин ќе добиеме поширока слика за националната амбициозност за надминување на климатската криза, а воедно преку конкретни примери ќе упатиме повик за креативност, иновации, амбиција и охрабрување за искористување на огромните можности за движење кон и создавање на иднина со нула јаглероден отпечаток.А можеби оваа година со седењето дома и рестрикција на човековите активности ќе и го дадеме најголемиот подарок на оваа наша единствена планета Земја, заклучија од Министерството.

Би можело да ве интересира

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци

(ВИДЕО) Офанзива на новата директорка Петровска: Блиску сме да откриеме кој го загадува воздухот

Ана Василевска

Опасен медицински отпад како хемикалии, лекови, цитостатици требaле да се стерилизираат близу до погони за храна

Ана Василевска

Фабриката „Пејпер мил“ ја изгаси печката, инспекторите утврдиле загадување

Ана Василевска

Министерство за животна средина: Евтините сензори за аерозагадувањето не се сигурни, ниту се валидни

Татјана Ташкова

Макрадули: Саниран инцидентот во „Охис“, не постои никаква опасност

Татјана Ташкова