МЖСПП: Нема место за паника за воздухот во Тетово

Од:

Министерството за животна средина и просторно планирање, информира дека согласно ингеренциите, редовно ќе ги следи и ќе ги објавува податоците од мониторинг станицата за квалитет на амбиенталниот воздух во Тетово која е во целосна функција, но податоците не се видливи на веб страницата на МЖСПП заради технички проблеми со главниот сервер.

Од Министерството велат дека податоците редовно биле објавувани, на секој час, во текот на попладневите и вечерните часови, а почнуваќи од 6 часот наутро се објавуваат и ќе бидат објавувани и во текот на денешниот ден.

Податоците се достапни на веб страницата на МЖСПП и на официјалниот ФБ профил на Министерството.

Во моментот се забележува сосемо мало покачување на одредени параметри и нема место за паника, велат од Министерството за животна средина.

Би можело да ве интересира

Во Тетово е уапсен маж кој живее со малолетничка, МВР најави кривична за тетовецот

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски