МЖСПП: Интензивирање на соработката со Грција во областа животна средина

Од:

Во Министерството за животна средина и просторно планирање денеска во Скопје се одржа средба со претстаници на Министерството за животна средина, енергетика и климатски промени на Република Грција.

Како што соопшти МЖСПП, на средбата беа разменети информации во однос на досегашното спроведување на законодавството од областа на управувањето со водите, со посебен акцент на постигнатиот напредок во заштитата на речниот базен на реката Вардар.

Исто така, беше разгледана состојбата со Дојранското Езеро и можноста за соработка и заедничко настапување пред меѓународни донатори за искористување средства за спроведување проекти кои ќе придонесат кон подобро управување со овој воден базен.

Македонската делегација ја потенцираше потребата за изработка на План за управување со Дојранското Езеро како споменик на природата и како прекуграничен воден ресурс. Се разговараше и за продлабочување на соработката во заштитата на биодиверзитетот, особено во заштитата на флората и фауната во пограничните области.
Во рамки на состанокот се разгледаа можностите за продлабочување на соработката во областите кои се од заеднички интерес, како и за интензивирање на координирани акции за аплицирање заеднички проекти пред програмите на ЕУ каде институции од Македонија можат во соработка со институции од Грција да бидат корисници на финансиски средства.

Ова особено се однесува на искористување на средствата од програмите на ЕУ како што се ИПА, LIFE, ADRIATIC, Balkan-Mediterranean и FP7.

Би можело да ве интересира

Средба на министерот Муцунски со бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова

Предраг Петровиќ

Не се утврдени елементи на кривично дело за неовластен пристап до компјутерскиот систем во Кабинетот на Претседателката на државата

Муцунски: Патот на Македонија кон ЕУ да биде заснован врз заслугите, а не оптоварен со историјата и минатото

Уставниот суд укина одредба од Законот за социјална заштита и поведе две постапки

МВР: Претреси во дом и службени простории во Вишото јавно обвинителство Битола

Предраг Петровиќ

Фондот на ПИОМ: Неточни се наводите дека Мемов изјавил оти Фондот „нема да издржи“, исплатата на пензиите е сигурна и редовна