А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ: Задолжително доставување потврди за вакцинален статус при упис во училишни и предучилишни установи

by А1он02/05/2019 - 13:27257
Share0

Министерството за здравство извести дека во Службен весник бр. 85 од 30 април 2019 година, се објавени измените и дополнувањата донесени од министерот за труд и социјална политика на правилникот за водење на педагошката документација и евиденција во детска градинка и центар за ран детски развој, со кој сега се прецизира дека при упис на дете во градинка, задолжително се приложува потврда за неговиот вакцинален статус, и без оваа потврда детето не може да биде запишано во предучилишна установа.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Напоменуваме дека во потврдата треба да стои дека детето ги примило сите вакцини кои се предвидени според вакциналниот календар.

За децата кои се запишуваат во прво одделение во основните училишта, во мај, за следната учебна година, при запишувањето, родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа. Станува збор за обврска пропишана со член 46 став (2) од Законот за основното образование.

Здравствените установи не смеат да издаваат потврди ако детето не ги примило задолжителните вакцини.

Следете a1on на Youtube YouTube

Потврдите кои се приложуваат при упис на дете во основно училиште се издаваат во здравствените домови каде што има вакцинални пунктови и истите се бесплатни“, соопштуваат од Министерството за здравство.

На територијата на Република Северна Македонија во моментов е прогласена епидемија на морбили.

Воедно Министерството потсетува дека е задолжително вакцинирањето со МРП вакцина, како и останатите вакцини предвидени според вакциналниот календар.

mzvakcini

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он06/12/2025 - 13:14

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Горан Наумовски01/12/2025 - 16:27

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он24/06/2025 - 17:1124/06/2025 - 17:13

Во Аеродром, Карпош и Центар низок опфат со МРП вакцина, висок ризик од појава на епидемија со морбили

Катерина Ѓуровски29/04/2025 - 14:36

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он12/04/2025 - 14:52

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он08/11/2024 - 15:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто