МЗ: Успешно се имплементира системот за електронска евиденција во здравството

Од:

Министерството за здравство соопшти дека во изминатиот месец  во повеќе општини во Република Македонија успешно се имплементира проектот „Национален систем за електронска евиденција во здравството“ и тоа во делот на електронско упатување со закажување и Е-рецепт.  Согласно усвоениот протокол за имплементација, како што се наведува, проектот стартува етапно, односно општина по општина и досега истиот е имплементиран во над 20 општини.

Од Министерството укажуваат дека во ниту еден случај, ниту во тековниот имплементационен период, ниту по комплетната имплементација на системот, ниту еден пациент не смее да биде вратен или да не ја добие потребната здравствена услуга како резултат на било какви проблеми во системот.

Согласно досегашните сознанија од имплементациониот период, Министерството за здравство посочува дека сите матични лекари треба да внимаваат при креирањето на електронските рецепти и одбирањето на генериките на лековите и останатите упатни дијагнози да ги употребуваат нивните точни називи.

За таа цел, како што се истакнува, до матичните лекари веќе е доставена листа со сите генерички имиња кои досега им предизвикувале одредени нејаснотии при креирањето на рецепт, а оваа листа е објавена и на веб сајтот на Министерството за здравство. Паралелно на ова, до матичните лекари се доставени и сите протоколи во кои е прецизно наведено што е потребно да направат во случај на спреченост од течнички карактер за креирање е-рецепт и е-упат (немање инернет, немање струја и сл).

Со целосната имплементација на овој систем најголем бенефит ќе имаат граѓаните кои ќе бидат ослободени од бирократските процедури, ќе се намалат потребните печатени документи, времето на чекање, гужвите и турканиците во здравствените установи и ќе се сведе на минимум времето на чекање во здравствените установи. Системот овозможува максимално почитување на времето на пациентот и избегнување на непотребното губење време во чекалните.

Би можело да ве интересира

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи

Владата одвои многу пари за модернизација на нашето здравство, вели министерот Азир Алиу

Министерот Кенеди отпушта 10.000 луѓе во здравството

ВЛЕН: Здравството во нашата земја е разбудено од „клиничката смрт“

Интервју со проф. д-р Светозар Антовиќ: Првиот симпозиум на MAAS ќе биде историски настан за нашата хируршка заедница

Таравари признава дека има мито во здравството, повика граѓаните да пријавуваат

Катерина Ѓуровски