А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

by А1он05/07/2025 - 11:15242
Share0

Северна Македонија e меѓу првите држави во Европа кои го усвоија најновиот европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“, дел од европската регулатива Европски простор за здравствени податоци European Health Data Space (EHDS), соопшти денеска Министерството за здравство.

Добивај вести на вибер

На меѓународниот настан IHE-Europe Connectathon 2025 во Виена, националниот здравствен информатички систем „МојТермин“ успешно ги поминал сите предвидени технички тестови, добивајќи највисока ознака за интероперабилност – Silver Industry Label, која го потврдува системот како технички усогласен со европските стандарди.

Преку новиот стандард „Жолто копче“, граѓаните ќе можат лесно, безбедно и транспарентно да пристапуваат до своите здравствени податоци, како што се општата здравствена состојба, медицински извештаи, алергии и нетолеранции, тековна терапија, дијагностички резултати, имунолошки статус и друго. Овие податоци се прикажуваат во формат на International Patient Summary – еден вид „пасош за здравствените податоци“, универзално разбирлив и технички усогласен документ што ги собира најважните здравствени информации за пациентот, информира Министерството за здравство.

Дополнува дека со ова Северна Македонија уште еднаш се етаблира како земја-пионер во имплементација на европските здравствени дигитални стандарди, четири години пред нивната задолжителна примена во ЕУ (2029). Претходно државава беше меѓу првите надвор од ЕУ што ги воведоа дигиталните COVID-сертификати и Smart Health Cards, благодарение на инфраструктурата на МојТермин.

Во согласност со планираните активности, најавува Министерството за здравство, новата функционалност ќе биде достапна за граѓаните преку „МојТермин“ до крајот на 2025 година, директно придонесувајќи за побезбедно управување со лични податоци, подобра грижа и полесна размена на здравствени информации во и надвор од земјата.

makedonijaministerstvo za zdravstvo

Би можело да ве интересира

МЗ за мозочните примероци: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Горан Наумовски03/02/2026 - 15:5503/02/2026 - 15:56

Министерството за здравство ги објави имињата на експертите од странската комисија за истражување кардиолошки и кардиохируршки операции

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:27

Во аферата „Епстин“, Македонија е спомната како извор на човечки мозоци за експерименти

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:3902/02/2026 - 09:39

СДСМ: Нема одговор кој дозволи преку македонската граница да помине огромна количина на дрога и да заврши во Србија

Горан Наумовски02/02/2026 - 09:0302/02/2026 - 09:03

Очекуван бум на црниот пазар за вејпови?! Лошите искуства може да се пресликаат на тезгите во Македонија

Предраг Петровиќ01/02/2026 - 12:19

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 17:01
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен