Инцидент на Кардиохирургија

Од:

Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10.00 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар, известуваат од МВР.

Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

За инцидентот информира и Министерството за здравство.

-Министерството за здравство ја информира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ.

Би можело да ве интересира

Лозанче тврди дека се констатирани неправилно оперирани пациенти, Алиу ќе бара уште една потврда

СДСМ: Јавноста мора да знае кои клиники и доктори правеле непотребни операции

ВИДЕО: Од анализирани 19 случаи, кај 10 утврдено дека се непотребно извршени кардиохирушки операции

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нема операции на Кардиохирургија, дали министерот за здравство работи за приватните клиники?

Пријавени осум случаи за спорни операции на срце, Комисијата почнува да испитува

Катерина Ѓуровски

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија