МВР за пријавата за примање поткуп во Теарце

Од:

Во врска со пријавениот настан на 24.12.2016 година во СВР Тетово за сторено кривично дело – “примање на поткуп“ по член 162 од КЗ на РМ од страна на СВР Тетово превземени се мерки и активности за расчистување на случајот. Притоа, изготвен е записник за прием на кривична пријава во кој пријавителот пријавил дека две лица С. Ш и Ф.И во периодот од 22.12.2016 до пријавувањето на 24.12.2016 година година вршеле кривично дело – “поткуп при избори и гласање“, на тој начин што, во вечерните часови биле кај пријавителот и уште во неколку семејства во с.Теарце на кои им нуделе од 100 до 500 евра за еден гласач, за да не го остварат своето избирачко право.

Наедно, ги барале нивните личните карти или нивни копии. Од обавениот разговор со пријавителот е утврдено дека на 22.12.2016 година лицето С.Ш дошол во неговиот дом и ги побарал личните карти од членовите на неговото семејство кои имаат право на глас и побарал да не гласаат за што ќе му бидат дадени парични сретства. Пријавителот не ја прифатил ваквата понуда.

По добиената пријава и обавениот службен разговор, за поднесената пријава е известен Дежурниот јавен обвинител при ОЈО Тетово. Од негова страна е наложено вклучување на ОКП Тетово за превземање на сите мерки и активности за расчистување на случајот и дадена е насока да се повикаат лицата наведени во Записникот за прием на пријава и со истите да се извршат службени разговори. Притоа, од страна на ОЈО при ОЈО Тетово на началникот на ООК-ОКП Тетово му се дадени насоки лицата што се посочени во записникот како сведоци и можни сторители да не се повикуваат во СВР Тетово во текот на 24.12.2016 година и 25.12.2016 година со цел да не се прекине изборниот процес и со постапката да се продолжи од понеделник 26.12.2016 година.

Од страна на СВР Тетово во врска со пријавениот настан за сите превземени мерки и дејствија сочинет е службен материјал и известување до ОЈО Тетово.

Би можело да ве интересира

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР