МВР: Во вчерашната престрелка во Гази Баба повреден 27-годишен скопјанец

Од:

МВР денеска изнесе повеќе детали околку вчерашната престрелка во Гази Баба, во која беше повредено едно лице. Според полицијата, вчера во 15.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со повреда од пиштол бил донесен А.Б.(27) од Скопје.

Настанот се случил околу 15.30 часот на улицата „Бајрам Шабани“ и во него учествувале неколку лица, при што со повреди се здобил А.Б.. Подоцна, во близина на местото, било пронајдено патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Љ.В.(28) од селото Света Петка, кое имало оштетувања од огнено оружје.

Се работи на расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега

МПЦ-ОА пријавила кражба од црква во Скопје вредна над 150.000 денари

Излажал жена од Прилеп дека внукот ќе и оди во затвор заради сообраќајка во странство – и зел неколку илјади евра

Катерина Ѓуровски