МВР: Во тек вештачење на остатоците од експлозивната направа кај Влада

Од:

Министерството за внатрешни работи (МВР) се уште не открива од какво орудие е стрелано во инцидентот кога синоќа во близина на зградата на Владата е регистрирана експлозија.

Од МВР информираат дека во тек е вештачење на остатоците од експлозивната направа пронајдени на местото на експлозијата.

Синоќа МВР соопшти дека од извршениот увид е пронајдено местото на експлозијата, во тревникот кон реката Вардар, на оддалеченост од 5 до 10 метри од зградата на Владата. Од експлозиијата не е нанесена никаква штета.

Oва е втор ваков инцидент. Во октомври лани врз зградата на Владата исто така беше стрелано, најверојатно од рачен фрлач на гранати.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба