МВР во акција против организирана група шверцери на цигари

Од:

Најмалку 17 лица се приведени досега во акцијата што денеска ја спроведува полицијата во неколку градови низ Македонија за разбивање на организирана група за шверц на цигари.

Според првичните сознанија, приведени се лица во Скопје, Тетово, Струмица, Берово и Делчево. Меѓу приведените е и припадник на граничната полиција. Неколку лица се во бегство и по нив полицијата трага.

Приведените и лицата во бегство се осомничени дека од 2010 од Албанија и од Косово илегално внесувале цигари во Македонија, ги складирале во импровизирани магацини во Скопје и во близина на македонско – бугарската граница.

Полициската акција се уште трае, а повеќе детали од МВР се очекуваат по нејзиното завршување.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ