МВР уапсиле велешанец кој предизвикал голем пожар

Од:

МВР извести дека вчера во 12 часот во Велес, полициски службеници го уапсиле С.М.(50) од селото Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Тој се сомничи дека на 6.8.2024 околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на село Папрадиште кон село Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча.

Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото.

За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност” по чл.288 од КЗ.

Би можело да ве интересира

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

(ВИДЕО) „Огнена река“ во Техеран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Голем пожар во близина на Брчко, тешко повредени се осум работници

Мртва жена е пронајдена во запалена куќа во Скопје