(ВИДЕО) МВР уапси Пакистанец кој убил 17-годишна девојка од Грција

Од:

Пред неколку дена тинејџерка (17) од Грција е убиена од нејзиното момче, 21-годишен Пакистанец кој потоа побегнал и сакал преку Македонија да избега во ЕУ.
Осомничениот е 21-годишниот маж кој наводно ја убил 17-годишната девојка Николета во Перистери, јавија грчките медиуми повикувајќи се на објавата на грчкиот министер за јавен ред Такис ​​Теодорикакос.

-Тој сега е во рацете на грчката полиција, која го сомниче дека е извршител на убиството на седумнаесетгодишната Николета во Атина и ќе биде изведен пред надлежното обвинителство, објави министерот Теодорикакос.

Според информациите на newsit.gr, тој ја напуштил Атика како и Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од Централна Европа. Украдениот телефон на брутално убиената 17-годишна Николета како и блиската соработка на полициските власти на Грција и Северна Македонија, доведе до апсење на 21-годишниот Пакистанец, јавуваат грчките медиуми.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи