МВР уапси двајца лихвари, еден од нив бил полицаец

Од:

Во Радовиш полициски службеници од СВР Струмица вчера ги уапси Г.Т.(49) од Радовиш и Д.Г.(25) – полициски службеник од радовишкото село Ораовица, поради сомнение дека сториле кривично дело „лихварство“.

Како што денеска соопштија од МВР, при преглед кај Г.Т. биле пронајдени пари кои му биле исплатени при продажба на мотор, кој во ноември 2024 година бил оставен кај Д.Г. од жител на радовишко село како залог дека ќе ги врати парите што Д.Г. му ги дал. Додека, при преглед кај Д.Г. бил пронајден и нотарски купопродажен договор за продажба на моторот.

Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш, врз основа на судска наредба, извршиле и претрес во домот на Д.Г., при што биле пронајдени и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото.

За настанот се известени Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР и јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Полицаец издавал службени тајни за планирани акции на УЈП, ДПИ и ДИТ

Полицаец од Зелениково заработи кривична – пијан пресече полна лента на патот и се закануваше на друг возач

А1он

Двајца затвореници и нивните браќа добија кривична за лихварство – ги „намести“ мајка на друг затвореник

А1он

Тетовец изгубил станови во Тетово и Охрид откако зел пари со камата од 25.000 евра од двајца сограѓани

Насилник од Прилеп нападнал полицаец и му го украл пиштолот

Четворица лихвари од Охрид од жртва изнудиле 18 милиони денари

Горан Наумовски