МВР: Уапсени се четворица осомничени криминалци во акцијата „Букнер“

Од:

Врз основа на обезбедени докази во текот на истражната постапка што се спроведува против членовите на криминална група, во предметот под кодно име „Бункер“, под раководство на предметниот обвинител од ОЈО ГОКК, денеска (21.05.2025) во текот на утринските часови, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР извршија претреси на пет локации во Скопје.

При претресите четири лица се приведени, а во дом на еден од осомничените е пронајдено поголемо количество на марихуана, што ќе биде предмет на вештачење.

За четворицата приведени постои основано сомнение дека сториле кривично дело „злосторничко здружување“ и кривично дело „убиство“, а еден од осомничените сторил и кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

Според обезбедените докази, во текот на 2023 година осомничените станале припадници на група која дејствувала подолг временски период и имала за цел вршење на кривични дела убиство од одмазда и по порачка, за кое е пропишана затворска казна од најмалку 10 години или доживотен затвор и други кривични дела.

Тие прифаќајќи ги одлуките и насоките од организаторите на криминалната група, во континуитет преземале дејствија на обезбедување услови, отстранување пречки и ставање средства на располагање за извршување на порачките за лишување лица од живот.

Така, тројца од осомничените во текот на месец јули 2023 година, на македонска и грчка територија, поттикнати и по порачка од претходно осомничен – организатор на групата, преземале дејствија на извидување на локација на оштетен и обезбедување средства за вршење на кривичното дело, при што во Грција бил лишен од живот припадник на спротивставена организирана криминална група.

Во месец мај 2024 година, пред објект на т.н. пластичарска улица, двајца осомничени извршиле убиство на едно лице, а при заминување од местото пукале во возило што било паркирано во непосредна близина, при што повредиле други лица, од кои едно лице починало.

Би можело да ве интересира

Измамнички пораки за казни од „Сејф сити“ водат до непосточека веб страница на МВР

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

(ВИДЕО) За да се избегнат грешки при испраќање на казните од „Безбеден град“, возачите ќе добиваат код

МВР: Лажна е дојавата за поставени бомби во трговски центар во Скопје

А1он

МВР: Уапсени се повеќе лица дел од нив доктори на клиники и сопственици на дерматолошки ординации

Акција против нелегални медицински третмани: Полицијата во повеќе здравствени институции прави контроли

Горан Наумовски