МВР спроведува анкета за оценување на работата на сообраќајна полиција

Од:

По воведување на системот за снимање со камери, Министерството за внатрешни работи ги поканува граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери, да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем.

Од МВР потсетуваат дека во изминатите неколку месеци Полициските станици за безбедност во патниот сообраќај во Тетово, Гостивар, Куманово и Охрид почнаа со употреба на камери за регистрирање на контактот со граѓаните.

Овој проект е имплементиран со поддршка на Амбасадата на САД во Северна Македонија и ИЦИТАП меѓународната програма за помош и обука при водење на кривични истраги на министерството за правда на САД.

Како што појаснуваат од МВР во соопштение, проектот веќе во следна фаза планира имплементација на системот за снимање со камери на територија и на другите Сектори за внатрешни работи ширум државата со што целата сообраќајна полиција би била опремена со таков систем со кој ќе се отстрани било каква можност за коруптивно и незаконско постапување.

-Со цел оценка на мобилниот систем за снимање со камера (МССК) ги покануваме граѓаните кои имале искуство со сообраќајна полиција опремена со систем за снимање со камери да ја искористат можноста да ја пополнат анкетата со цел оценување и понатамошно развивање на овој систем, соопштија од МВР.

Како што посочуваат, оценувањето ќе се врши преку пополнување на анонимна анкета од мобилен телефон со едноставно скенирање на следните QR кодови на македонски и албански или со директно кликање на следниот линк.

Би можело да ве интересира

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци