МВР со зајакнати мерки и активности за претстојните празници

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по повод претстојните Новогодишни и Божикни празници, кога се очекува зголемена раздвиженост на граѓаните и одржување на јавни собири и манифестации, а со цел обезбедвање поволна безбедносна состојба превзема зајакнати мерки и активности по претходно изготвени планови.

По однос на прославите на престојните празници на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје тие ќе бидат соодветно обезбедени. Притоа, на отворен простор прослави ќе се одржат на Плоштад “Македонија“ и Сквер „Јадран“ додека на затворен простор прослави ќе има во салата на КК “Работнички“ во Градски Парк и во Метрополис Арена на Скопски Саем за што од страна СВР Скопје се предвидени доволен број на полициски службеници од сите организациони единици на СВР Скопје и МВР.

Во однос на сообраќајот, информираат дека од страна на организаторите на посочените манифестации не се доставени никакви барања за какви било ограничувања или пак затворање на одредени сообраќајници, односно тој ќе се одвива тековно и без никакви ограничувања.

Воедно, од страна на полициски службеници од општа надлежност и од безбедноста на патниот сообраќај ќе бидат превземени зајакнати мерки и активности на подрачјата на сите сектори за внатрешни работи со цел превентивно покривање на сообраќајниците и угостителските објекти каде што ќе има организиран дочек на Новата 2016 година.

Од МВР уште еднаш апелираат до граѓаните во текот на прославите на претстојните празници да се воздржат од прекумерна употреба на алкохол, да не управуваат возила под дејство на алкохол, како и воздржување од употреба на огнено оружје, петарди и други пиротехнички средства.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници