МВР со кампања за алкохолот и неговото влијание врз возењето

Од:

Министерството за внатрешни работи и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата почнаа со реализација на едукативна кампања за алкохолот и неговото влијание врз возењето.

Преку едукативни флаери со содржина „Алкохол и волан – најлоша комбинација“ што синоќа беа делени на улицата „Орце Николов“ во Скопје, возачите се информираа за дејството на алкохолот врз сообраќајот.

Според податоците на Министерството за внатрешни работи, во првите шест месеци од годинава се случиле вкупно 1.753 сообраќајки со тешки последици.

– Притоа има 64 жртви, 403 повредени со тешки телесни повреди и 2.028 лица се повредени со телесни повреди. Сепак, статистиката говори дека овие бројки се за 10 проценти помалку од истиот период минатата година што значи дека интензивната работа во делот на превентивата ги дава почетните резултати и потврдува дека мора да продолжиме со вакви активности за подигнување на свеста на возачите, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која на возачите им делеше едукативни флаери.

Надлежните предупредуваат дека не треба да се конзумира алкохол додека се вози бидејќи се намалуваат моторичките способности за управување со моторно возило.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет