МВР со детали за сообраќајката на автопатот Штип-Миладиновци во која загинаа три лица

Од:

На автопатот Штип-Миладиновци, недалеку од место викано „Криви Дол“, денеска околу 12.30 часот се случи сообраќајна несреќа помеѓу возило „тојота лендкрузер“ управувано од Д.С.(29) од Кочани и „шевролет калос“ управувано од Д.М.(44) од Скопје.

„На местото на несреќата почина В.З.(62) од Кочани и малолетна сопатничка од возилото „шевролет“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Двајцата возачи, Д.Х.(34), сопатник во возилото „тојота“, С.М.(37) и уште еден малолетен сопатник од возилото „шевролет“ биле пренесени за укажување на лекарска помош во Клиничка болница Штип, каде што и С.М. им подлегнала на повредите“, извести полицијата.

Увид изврши увидна екипа од СВР Штип.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нов бран разорни напади врз Украина: Најмалку осум загинати, погодени се и трговски центри