МВР работи на нова кривична против Заев за оддавање државна тајна

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска преку соопштение информира дека почнало да работи на нова кривична пријава против лицето кое во рамките на случајот „Пуч“ е осомничено за насилство спрема претставници на највисоките државни органи и за поткуп (Зоран Заев н.з.).

Новата кривична пријава која МВР му ја подготвува на Заев, како што е наведено во соопштението, се однесува на кривичното дело оддавање државна тајна, а во врска со снимките што лидерот на опозицијата ги објави на вчерашната прес-конференција.

„Лицето на вчерашната срамна и недостојна прес-конференција изнесе бројни конструкции и лаги. Тоа што е уште поважно, презентираше детали од договор за донација кој е класифициран со најголем степен на тајност, односно „државна тајна“. Преку својот недоличен настап, осомничениот во случајот „Пуч“ го загрози кредибилитетот на македонските служби, со што и директно ја доведе во опасност безбедноста на Република Македонија. Освен кон македонските институции, со овој бесрамен чин, беше извршен атак и кон институции на држава, стратегиски партнер на Република Македонија. Тој и практично, неосновано и недолично ја обвини државата Израел дека исплаќала поткуп за да донира средства“, стои во соопштението од МВР.

За ова кривично дело е предвидена затворска казна до 10 години.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници

Уапсени се возачи за безобѕирно возење – повеќето се без возачка дозвола

А1он

Криминална шема за продажба на бебе, новороднече во замена за 500 евра

МВР: Воведен Кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР