МВР провери дел од објектите, дојавите за бомби се лажни

Од:

Дојавите за бомби во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг се лажни информира Министерството за внатрешни работи. МВр ги завршили проверките во дел од објекитте за кои стигнаа закани.

– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираме јавноста се вели во соопштението од МВР.

Закани за наводно поставени бомби им и во 11 скопски училишта.

Би можело да ве интересира

Дојави за поставени бомби ги испразни судовите во Подгорица

МВР: Лажни се дојавите за поставени бомби во објекти во Охрид и Кратово

Лажни дојави за бомби во фабрика и основно училиште во Охрид

МВР: Лажни се денешните дојави за бомби во Кочани

Горан Наумовски

Серија од анонимни закани за поставени бомби во Србија

Црна Гора: Проверени 165 локации, пријавите за бомби се лажни

Горан Наумовски