Љупчо Палевски влезе во затворот во Шутка

Од:

Министерството за внатрешни работи потврди дека Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, попладнево е екстрадиран во Македонија.

„ Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје,“ велат од МВР.

Љупчо Палевски слета во Македонија вечерва со комерцијален лет од Турција во 19 часот и 30 минути и веднаш е пренесен во затворот во Шуто Oризари. Транспортот на Палчо поради безбедносни причини е извршен со цивилни возила.

Палевски ќе биде сместен во посебно одделение во затворот во Шутка. Нема да има контакт ниту со други затвореници, а за негово обезбедување ќе се ангажирани само неколкумина затворски чувари и пристап до делот каде ќе е неговата ќелија ќе имаат само неколкумина со електронски картички.

Тој беше уапсен на 6 декември минатата година, откако првично избега во Србија па оттаму преку Бугарија стигна во Турција. Беше уапсен од страна на турската полиција во градот Баликесир

Процедурите за негова екстрадиција траеа речиси 6 месеци.

Би можело да ве интересира

Манев кажа кој го уништил синиот ранец со пиштолот користен за убиствата на Вања и Панче

Да се ослободи Палевски, нема конкретни докази против него, вели адвокатот Страшевски

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Љупчо Палевски

Туфегчиќ: Судот да го ослободи таткото на Вања, јавниот обвинител не докажа дека тој сторил некакво кривично дело

Одбраната бара слобода за Кешишев и Видевски, обвинети за убиствата на Вања и Панче

Горан Наумовски

Бошевски: Манев не учествувал во убиствата на Вања и Панче, тој е виновен само за грабнување

Горан Наумовски