По молкот на МВР за обвинувањата од полицаецот Дејан Саздов дека службениците од ПО Арачиново не можеле да се задолжат со списи за казни, денес тврдат дека секој полициски службеник без проблем може да се задолжи и подигне.
Полицаецот Саздов, кој воедно е и преседател на Независниот синдикат на полицијата, за „Макфакс“ кажа дека тој побарал, но од административниот работник му било кажано дека МВР не дава списи за тоа полициско одделение.
„Доколку евентуално и се случил некаков проблем токму со полицискиот службеник кој дава генерална оценка за состојбите во надлежност на ПО Арачиново, тој бил должен за тоа веднаш да ги извести соодветните служби во МВР“, тврдат од МВР.
Министерството тврди дека изминатите два месеца биле изречени 54 мерки по основа на разни прекршоци на потегот кон селото Арачиново.
Кристијан Ландов