МВР појаснува за промените во обезбедувањето на функционеритете

Од:

Изминативе години Република Македонија се соочуваше со бројни сериозни закани по безбедноста и територијалниот суверенитет и интегритет. Министерството за внатрешни работи реализираше голем број случаи во кои нашата држава беше цел на вооружени групи од соседството. Такви беа акциите: „Планинска бура“, „Диво Насеље“, откривањето и лишувањето од слобода на одговорните за грабежот на Прокредит Банка, операцијата „Пепел“, „Чекан“, случаите „Босфор“, „Дирегент“, „Детонатор“, „Којот“, „Ќелија“ и низа други. Во сите овие акции од слобода беа лишени лица кои долги години наназад вршеле тешки кривични дела.

Сите кои учествувале во планирањето, организирањето, координирањето и реализирањето на сите овие случаи се под одреден безбедносен ризик што го дефинираат службите. Нам не ни требаат дополнителни ризици и инциденти. Мора да делуваме превентивно и да не дозволиме нешто да се случи, за потоа да водиме истраги и да анализираме каде е направен пропустот.

Впрочем со Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, е опфатен овој вид на ризик по престанок на функцијата и тоа:

Обезбедување по престанок на функција

„Од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни мерки и активности за обезбедување се обезбедуваат и

– Претседателот на Република Македонија по престанување на функцијата и членовите на неговото потесно семејство согласно закон и

– Претседателот на Владата на Република Македонија на кого му престанала функцијата согласно закон.

За овие личности на кои им престанала функцијата, во случаи кога е оценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет, од страна на министерот за внатрешни работи може да се определат вонредни и посебни мерки и активности за обезбедување за времетраење на опасноста.

Покрај овие личности, од страна на министерот за внатрешни работи може да се определат редовни мерки и активности за обезбедување по престанокот на функцијата на претседателот на Собранието на Република Македонија, членови на Владата на Република Македонија, како и на други личности на кои им престанала функцијата во случаи кога е оценет висок степен на опасност по нивниот живот и личниот интегритет поради преземени определени дејствија во вршењето на нивната функција“.

Со Уредбата за изменување на Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, е направена промена единствено во времетраењето на редовните мерки и активности за обезбедување по престанокот на функцијата, односно мерките за обезбедување ќе се применуваат додека трае опасноста.

Впрочем без разлика на кусиот мандат и техничкиот министер г-дин Оливер Спасовски ја користи оваа Уредба и има побарано и добиено двајца полициски службеници и две возила како обезбедување од Министерството за внатрешни работи, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

МВР: Неготинец нападнал малолетник во сендвичарница, исчезнал болен маж од Кавадарци

Горан Наумовски

(ВИДЕО) 12 граѓани ги фотографирале гласачките ливчиња, шест пријави за нудење на поткуп – Министерот Тошковски за изборниот ден

Анита Петровска Рајковиќ

МВР: Нови случаи на фотографирање и кинење на гласачко ливче

Горан Наумовски