МВР: Партиски знамиња незаконски истакнати на повеќе места во општина Аеродром

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е констатирано оти знамиња на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се истакнати на повеќе места во општината Аеродром спротивно на законските прописи.

Констатацијата, информираат од МВР, е направена од извршениот увид, чија цел била да се провери веродостојноста на информациите објавени во медиумите за поставување на партиски знамиња, на места кои според законските прописи не се обележани од страна на општините и градот Скопје за поставување на рекламен материјал на политичките партии.

– Од преземените мерки се утврди дека на улицата „Гаврил Констатиновиќ“ , во близина на улицата „Февруарски поход“ било затекнато лицето П.М. кое изјавило дека, заедно со уште неколку други лица, со скали местеле државни и партиски знамиња. Против сторителите на овој чин ќе се поднесат соодветни поднесоци, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Од 15 ноември задолжителна е зимска опрема, потсетува МВР

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски