МВР: Отсеците за управни работи во неколу градови со двосменско работење

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека започнувајќи од денеска заклучно со 31.08.2017 година Отсеците за управни работи Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип ќе работат во две смени од 08.30 до 20.00 часот.

Воедно, поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на граѓаните при поднесените барања за издавање на Меѓународни возачки дозволи, податокот за проверка на прекршочна санкција „забрана за управување на моторно возило“ во возачката дозвола на барателот ќе може да се обезбеди покрај во подрачните единици на Одделот за граѓански работи, и во Овластените правни лица за вршење на технички преглед каде што има упатено работник од министерството, наведуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ