ВИДЕО: МВР откри група која криумчарела мигранти преку Македонија, 15 приведени

Од:

Полицијата откри меѓународна криминална група која преку македонија криумчарела мигранти од арапските  во западноевропските земји за цена од 150 до 300 евра.

Криумчарењето се одвивало од Грција преку Македонија до Србија за 200 евра, од каде мигрантите плаќале дополнителни 300 евра за да бидат префрлени до западноевропските земји. Според сознанијата на МВР тие успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти до западноевропските земји.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска инфромираше дека во рамки на акцијата „Коридор“ се уапсени се повеќе лица, на кои истражен судија им одредил мерка притвор во траење од 30 дена. Како организатори на криминалната група се идентификувани лицата С.Б. (52), А.И. (36) А.И. (30) сите од село Лојане – кумановско, В.Д. (32) од Богданци и О.А. (30) од Судан. Уапсен е и полицаец кој на криминалната група им давал информации за местото и времето на сообраќајните контроли на патиштата.

– Тие организирале канал за криумчарење на мигранти преку територијата на Република Мкаедонија како дел од меѓународна криминална  мрежа за криумчарење на мигранти. Во договор со НН лице – арапски државјанин кој престојува на територијата на Грција, од средината на декември минатата година, преку територијата наМакедонија успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји.

– Притоа, криминалната група наплаќала од 120 до 200 евра по мигрант за транспорт од границата со Грција до Кумановскиот регион, каде мигрантите биле привремено сместувани, и потоа за сума од околу 300 евра по мигрант се вршело нивно илегално префрлање на територијата на Србија. Дел од паричните средства биле наплаќани во готово од мигрантите, а дел од парите преку користење на брз трансфер на пари се префрлани на име на организаторите на криминалната група од селото Лојане, при што имаат остварено значителна имотна корист, рече министерката Јанкулоска.

Лицата го огранизирале транспортот на мигранти на најразличен начин, најчесто користејќи ја зелената граница. Мигрантите биле пренесувани како патници во автобус, со такси возила, а често ги пренесувале и на нехуман начин, скриени во багажник од автомобил.

Криумчарењето на мигрантите, членовите на криминалната група го вршеле на тој начин што непознатотото лице кое престојува во Грција, заедно со суданскиот државјанин О.А. кој илегално престојува во Македонија го договарале датумот, терминот и бројот на мигрантите кои илегално требало да бидат пренесени преку македонска територија, по што во соработка со лицата од Лојане, како и лицето од Богданци, го договарале, планирале и реализирале прифаќањето, транспортот и временото засолнување.

Како што информира министерката за внатрешни работи дел од групата предводена од В.Д. имала задача за организирање на прифаќањето на мигрантите во реонот на Богданци и Гевгелија, како и нивниот транспорт кон Куманово (најчесто по магистралниот пат Свети Николе – Куманово. т.н „Нато Петља“ и погодно место на автопатот Скопје – Куманово, во близина на рафинеријата „ОКТА“), од каде што С.Б. А.И. и А.И. вршеле прифаќање на мигрантите и ги транспортирале, најчесто кон селата Лојане и Ваксинце, и таму времено ги засолнувале.

Во наредните денови во договор со членови на криминални групи од Србија, тројцата го организирале илегалното пренесување на мигрантите преку македонско-српската државна граница во близина на селото Лојане во правец на Миратовац, на територијата на Србија, каде мигрантите биле прифаќани од страна на непознати лица и транспортирани во правец на Белград, од каде им се организирало натамошното криумчарење кон земјите на ЕУ.

– За реализација на прифаќањето, превозот и временото засолнување, организаторите на групата С.Б., В.Д., А.И. и А.И. ги ангажирале членовите на криминалната група К.Д. (31), Р.М. (25), И.А. (33) од Богданци; Т.К. (23), Б.П. (21) од  Гевгелија; како и Р.И. (48),  И.И. (19), А.Х. (19) и Ф.А. (22) сите од Куманово, иако во повеќе случаи организаторите и самите непосредно учествувале во нивните „операци“. За транспорт на мигрантите од Гевгелија кон Куманово, најчесто користела ПМВ со такси ознаки на такси компанијата од Гевгелија во сопственост на В.Д. За транспорт, пак, на мигрантите од Куманово кон Лојане, криминалната група од липковскиот регион, предводена од С.Б., А.И. и А.И. ги користела своите приватни ПМВ и комби возила, рече министерката Јанкулоска.

Таа појасни дека во извршувањето на криминалните активности на криминалната група било инволвирано и лицето Л.К. (37) од Скопје, вработен во Министерството за внатрешни работи кој активно ја помагал криминалната група со оддавање на информации за поставеноста на полициските патроли, времето на патролирање, како и со обезбедување на „чист пат“ при транспортот на мигрантите, за што добивал парични средства од страна на организаторот на група В.Д.

За време на спроведувањето на истрагата, информира Јанкулоска, во два наврата е пресечен транспорт на мигранти во кои биле инволвирани членови од криминалната група.

Едниот на крајот од март годинава на подрачјето на Гевгелија кога бил пресечен транспорт на пет мигранти за што е поднесена кривична пријава и посебен извештај против четири лица В.С. (48) и С.Р. (42) двајцата од Гевгелија, Т.П. (43) од Валандово и Ј.К. (25) од Нов Дојран. Вториот на 11-ти минатиот месец на патниот правец Штип-Велес кога бил пресечен транспорт на 30 мигранти при што била поднесена кривична пријава против М.К. (23) М.К. (21) и Ѓ.К. (37) сите од Струмица.

– Сите лица се лишени од слобода и од страна на надлежниот истражен суд им е одредена мерка притвор за сторени кривични дела „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“ и за „криумчарење на мигранти“.

Вчера со Судска наредба биле извршени пет претреси во домови во Лојане како и пет претреси на подрачјето на Гевгелија и Богданци.

– Од извршените претреси пронајдени и одземени се седум патнички моторни возила со кои бил вршен транспортот на мигрантите од Гевгелија до Куманово. Исто така, заедно со лицето О.А. од Судан пронајдени се и двајца илегални мигранти по потекло од Судан. Исто така, одземени се и 3380 евра, 30 швајцарски франци, 1.720 српски динари и 10 потврди за трансакции на парични средства преку фирми за брз трансфер на пари, рече Јанкулоска.

Таа појасни дека се поднесени кривични пријави против организаторите на групата: С.Б., О.А., В.Д., А.И. (36) и А.И. (30), за сторено кривично дело „организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“  и кривични дела за „криумчарење мигранти“. Кривично пријавени се членовите на групата К.Д., Р.М., И.А. (33) од Богданци, Т.К. и Б.П. од  Гевгелија, Р.И., И.И., А.Х. и Ф.А. сите од село Лојане, како и полицискиот службеник Л.К. од Скопје.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он