МВР објави тендер за набавка на нови сто моторни возила

Од:

Министерството за внатрешни работи во четвртокот објави јавен повик за прибирање понуди за набавка на нови сто моторни возила во полициска изведба. Предвидено е тендерот да трае 40 дена, односно отворањето на понудите кои ќе пристигнат во наведениот рок е закажано за 5 јуни годинава.

Како и во претходниот тендер при набавка на полициските возила, соопшти денеска МВР, повторно единствен услов е цената на која отпаѓаат сите бодови, односно јавната набавка ќе му припадне на оној понудувач кој што ќе конкурира со најниска цена на електронската аукција која што ќе биде дополнително закажана.

Право да учествуваат на електронското наддавање ќе имаат сите понудувачи кои ги исполнуваат претходно предвидените услови за учество на тендерот. Плаќањето е предвидено да биде на 36 месечени рати во текот на важноста на договорот, при услови со 0 проценти учество при купување на возилата. Првата рата на исплата на возилата ќе биде   во рок од 30 дена од целосната испорака на возилата. Се бара рокот на испорака да биде не подолг од 90 дена од склучување на договорот, со место на испорака во Скопје во објект на МВР.

Исто така, дел од условите, согласно спецификацијата, се посочува во соопштението, е и тригодишна бесплатна „шлеп“ служба  во случај на дефект на возилата, на територијата на Република Македонија, како и бесплатна техничка проверка на исправноста на возилата на секои 6 месеци, во овластен сервис на економскиот оператор.

Покрај ова трошоците за одржување, за сервисирање и потрошен материјал, замена на масло и филтер за масло на секои 10.000 километри, замена на филтер за воздух, филтер за гориво и други потребни филтри согласно упаствата од производителот, четири зимски/летни – во зависност од тоа со какви пневматици ќе биде испорачано возилото – пневматици индекс Н, едно дополнување на клима уредот со средство за ладење, за времетраење на договорот (36 месеци), се на товар на економските оператори – понудувачи.

Би можело да ве интересира

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа