МВР негира дека членот на Лустрациска пријавил закана

Од:

Пишувањата на некои портали дека членот на Комисијата за верификација на факти пријавил во полиција закана „да престане да ги опструира одлуките и да престане да ги брани кодошите”, се целосно невистинити, реагираат од МВР.

Оштетениот, како што веќе и официјално соопштивме, во записникот потпишан во полиција пријавува кривично дело „Изнуда”, односно посочува дека заканувачот му побарал 10.000 евра.

Самиот во записникот не наведува никакви други детали околу причините за изнудата, ниту изнесува некакви нерасчистени должничко-доверителски односи. Исто така во прилог на записникот не се доставени никакви дополнителни докази.

Најважно од се е дека случајот е целосно расветлен и документиран од страна на полицијата.
МВР ќе продолжи да постапува крајно професионално и неселективно и нема да дозволи преку извитоперување на вистината да биде вовлечено во некои политички агенди.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ