МВР: Не е точно дека се прислушкуваат членови на раководство на некоја политичка партија

Од:

Министерството за внатрешни работи испрати демант на обвинувањата дека се прислушкуваат членови на ВМРО-ДПМНЕ.

„Министерството за внатрешни работи повторно демантира дека се прислушкуваат членови на раководство на некоја политичка партија. Тоа не е точно. МВР ги отфрла како целосна невистина наводите изнесени во јавноста од една политичка партија.

Времето на злоупотреби на МВР за партиски цели заврши со промената на власта. Во Министерството за внатрешни работи следењето на комуникациите се одвива исклучиво согласно процедурата пропишана во постојните законски и подзаконски акти.

Дополнително, напоменуваме дека во Собранието на Република Македонија постојат две надзорни комисии чија функција е вршење надзор над работата на УБК и АР и над примената на ПИ мерките и тие во секој момент можат да извршат надзор и контрола над примената на овие мерки“ се вели во реакцијата на МВР.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ