МВР: Не е најдено ништо сомнително во возилото кај Амбасадата на САД

Од:

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека синоќа од Американската амбасада во Скопје било пријавено дека има сомнително возило на паркингот на Амбасадата.

Како што информираа од МВР за МИА, нивна екипа веднаш е пратена на терен при што е направена проверка на возилото, но не е најдено ништо сомнително. Возилото, како што велат од МВР, е земено на понатамошна проверка.

Амбасадата на САД во Скопје денеска потврди дека вчера вечер имало возило паркирано на улицата пред Амбасадата што предизвикало загриженост, поради што побарале интервенција од Министерството за внатрешни работи.

– Побаравме поддршка од Министерството за внатрешни работи и единици на Министерството реагираа соодтветно. Возилото беше отстрането без инцидент. Ве упатуваме на МВР за какви било информации во врска со текот на истрагата, се наведува во информацијата од Амбасадата.

Воедно, се додава, декa овој случај не е поврзан со проблемите што ги имаат со телефонските линии.

Вчера, Амбасадата на САД во Скопје објави на социјалните мрежи дека телефонските линии им се во прекин.

– Телефонските линии на амбасадата во моментот не се оперативни. Доколку ви е итно и имате потреба од помош, контактирајте го Оперативниот центaр на американскиот Стејт департмент на +1-202-647-1512, наведува Амбасадата на САД во објавата на Твитер.

Би можело да ве интересира

Трамп повторно го поддржa Нетанјаху: Мораме да ја завршиме работата што ја започнавме

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Песков го критикува Брисел: Америка бара мир, додека Европа поттикнува војна

Нетанјаху: Трамп не ме спречи да го нападнам Иран

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари