А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МВР: Нападнати тројца вработени во М-НАВ, случајот се расчистува

by А1он04/01/2024 - 17:2904/01/2024 - 17:302179
Share0

Лице вработено во М-НАВ, заедно со уште неколку непознати лица физички нападнале тројца вработени во институцијата, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Добивај вести на вибер

Оттаму велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– Денеска околу 15.15 часот во ПО Петровец лице вработено во М-НАВ пријавило дека во објектот имало нарушување на јавниот ред и мир односно дека Б.Н. (лице вработено во институцијата) заедно со уште неколку непознати лица физички ги нападнале П.Б., Е.К. и Б.Р. (лица вработени во институцијата). Веднаш по добиената пријава, полициски службеници од СВР Скопје се упатени кон местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ), Александар Тасевски, претходно објави дека во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање. Според него, возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето.

– Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија ѝ е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект, наведува тој.

Овој акт на насилство, како што дополнува, не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата.

Нападот се случи по денешната прес-конференција на Тасевски во која тој информираше дека дваесет до триесет контролори на летање и нивни помошници во Македонска навигација ( М-НАВ) се очекува од денеска да почнат да поднесуваат оставки од раководните позиции во М-НАВ, образложувајќи дека оставките се за поддршка на синдикалните активности и реакции за последниот оглас за вработувања во оваа институција.

m-nav

Би можело да ве интересира

М-НАВ: Претседателот на ССКЛ Александар Тасевски призна дека штрајкот што го најави е незаконски

Горан Наумовски24/10/2025 - 13:0324/10/2025 - 13:04

Тасевски: Синдикатот на контролорите на летање има право и овластување да организира штрајк

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 13:31

Забраната за штрајк е законска, лидерот на синдикатот се одмазудва, вели адвокатот на М-НАВ

Катерина Ѓуровски22/10/2025 - 12:50

Контролорите на летање нема да штрајкуваат, ќе се жалат на времената мерка од судот

Катерина Ѓуровски17/10/2025 - 13:49

Судот им забрани на контролорите на летање да штрајкуваат

Катерина Ѓуровски16/10/2025 - 12:2816/10/2025 - 14:57

Синдикалците да не шират паника, небото на смее да се „затвори“, предупредува М-НАВ по најавите за штрајк

Катерина Ѓуровски09/10/2025 - 11:34
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен