Уапсени четворица дрвокрадци од прилепско, полицијата им заплени единаесет возила

Од:

Во изминатите неколку дена лишила од слобода четири лица и одзела 11 возила кои се користеле за транспорт на бесправно исечена дрвна маса.

Одделението за внатрешни работи Прилеп, како што информираат од МВР, во периодот од 28.05.2021 до 03.06.2021 презела засилени активности за откривање и спречување на бесправна сеча, транспорт, складирање и трговија со огревна дрвна маса.

– Во овој период привремено се одземени 11 возила кои се користеле за транспорт на дрвна маса, а одземена е и поголема количина на дрвна маса, која била предадена на шумската полиција. Исто така, во наведениот период од слобода се лишени четири лица, за кои по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави до Основното јавно обвинителство Прилеп, се вели во соопштението до МВР.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он