Министерството за внатрешни работи извести дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави со закани од 10 училишта и аеродромот во Скопје, како и четири во Прилеп и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.
„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“ велат од МВР.