МВР: Лажна е пријавата за наводно поставена бомба во училиште во Охрид

Од:

Министерството за внатрешни работи извести дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава дека на електронската адреса на едно училиште во Охрид е упатена закана за поставена експлозивна направа.

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектот, а потоа се извршени детални антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава“, велат од полицијата.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски