МВР контра Независниот синдикат: Се прави се за да се подобрат условите за работа на полицајците

Од:

Министерството за внатрешни работи соопшти дека ,,најостро ги демантира дезинформациите и лажните вести изнесени во денешната прес конференција на “Независниот синдикат на полицијата“, со кои тенденциозно се обидува на јавноста да и се претстават состојби кои се далеку од реалноста”.

,,Во изминативе две години актуелното раководство на МВР континуирано работи на подобрување на затекнатите состојби во кои што беа полициските службеници. Интензивно се вложува во подобрување на условите и стандардите за работа, користејќи ги сите објективни капацитети и можности што се на располагање. Јавноста континуирано има можност директно да биде запознаена за сето ова, а тоа ќе го правиме и во иднина промовирајќи го подобрувањето на условите за работа на полициските службеници низ целата држава и во сите организациски единици”, се вели во соопштението.

Независниот синдикат на полицијата денеска обвини дека граничната полиција е на работ на егзинстенција, изолирана, без комуникација со другите служби на МВР, но и без вода и струја.

Би можело да ве интересира

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он