МВР издаде 2.208 потврди за поднесување барање за азил

Од:

Министерството за внатрешни работи изминативе три дена врз основа на измените и дополнувањето на Законот за Азил, издаде 2.208 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Република Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.

Во периодот од 19 јуни до 20 јули во 8 часот, соопшти МВР, издадени се потврди на вкупно 16.519 странски државјани, од кои, 12.230 се од машки пол, 2.146 се од женски, 1.998 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 145 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија -12.134, потоа Авганистан -1.360, Ирак -892, Пакистан -557, Сомалија -391, Палестина -349, Конго -254, Камерун -100, додека останатите се во помал број.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до 20 јули до Одделението за азил се поднесени 32 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 23 барања се од државјани на Сирија за азил од нив шест за деца, потоа три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко и Алжир и по едно барање од државјани од Египет и Ирак.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 20 јули се евидентирани вкупно 11 баратели на азил, баратели на азил жени и малолетни баратели на азил не се евидентирани во дневниот регистар.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он

Уапсен е битолчанец – кај него пронајдени три пушки и три пиштоли

А1он

Претреси на 32 локации во Скопје по наредба на судија, се проверуваат и простории на МВР

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он

Битолската полиција за шест часа казни 77 возачи на мопеди и електрични тротинети

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он