МВР: Граѓаните да не отвараат сомнителни линкови

Од:

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР детектираше постоење на наводна кампања во која лица преку социјалните мрежи или преку нивните приватни е-маил адреси таргетираат македонски корисници и испраќаат линкови до лажна страница во која се ветува лесна заработка со купување на „новата дигитална криптовалута“ во Кина, информираат од Министерството за внатрешни работи.

– Со кликнување на линкот, се влегува на лажната страница:https://hiphop2610.myshopify.com/blogs/news/china-s-bank-says-it-has-completed-top-level-design-of-digital currency?fbclid=IwAR3BZ8svkOdWa7_QkTV6Yf2AyyScQjTBuZqK8sdKB2sAe8FgG5vMWttmYKg ,а потоа преку сите линкови кои се појавуваат на страната ве пренасочуваат кон страната https://yuan-payments.com/ која е хостирана во Украина, потенцираат од МВР.

Објаснуваат дека откако лицата ќе се регистрираат и ги остават нивните лични податоци, во рок од неколку минути непознати лица ги контактираат преку телефон со цел да ги убедат дека треба што е можно побрзо да се инвестира во новата кинеска крипто валута бидејќи цената расте секој момент.

-Од страна на СККДФ беа направени проверки на веб страната и е утврдено дека како регистрант се јавува лицето Vasyl Dymarev од Русија. Текстовите и статиите на интернет страната се убедливо напишани, а со цел граѓаните да поверуваат на нивната веродостојност и постапката им е добро разработена, почетната сума која ја бараат за инвестиција е 250 долари, но во понатамошната комуникација се обидуваат да изнудат и поголеми парични средства, информираат од МВР.

МВР апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат сомнителни линкови и прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност.

Би можело да ве интересира

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он

МВР предупредува за нов бран измамнички СМС пораки од „Безбеден град“

А1он

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски