МВР го поздрави интересот на Независниот синдикат на полицијата за колективниот договор

Од:

Министерството за внатрешни работи го поздравува интересот на Независниот полициски синдикат, во соработка со раководството на МВР, да работат заеднички во интерес на вработените во МВР.

Како што соопштија за МИА од МВР, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изминатиот период имал неколку средби со претставниците на Независниот синдикат и посочија дека раководството на МВР и натаму е отворено за соработка со претставниците на независниот синдикат и на Македонскиот полициски синдикат.

Позитивната реакција на МВР доаѓа по денешното претставувањето на предлог новиот колективен договор на вработените во МВР од страна Независниот синдикат на полицијата, а кој вчера бил доставен до министерот Спасововски.

Би можело да ве интересира

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он

МВР распиша меѓународна потерница за Саит Саитов, момчето кое усмрти жена во Капиштец

А1он

МВР: Искршено е стаклото на влезната врата од Амбасадата на Република Бугарија