МВР ги заврши проверките, сите денешни дојави за поставени бомби се лажни

Од:

Сите потребни проверки во врска со денешните пријави за поставени бомби се направени и утврдено е дека станува збор за лажни пријави информираат од Министерството за внатрешни работи.

Пријави дека на електронската пошта добиле заканувачки писма за поставени бомби денеска имаше од училишта во Скопје (8 основни училишта и 19 средни училишта и една градинка) и Битола (девет основни училишта и две средни училиште), како и Меѓународен аеродром Скопје, СЦ Борис Трајковски, Национална арена „Тоше Проевски“, Фудбалска федерација на Македонија, Ист гејт мол, како и неколку хотели.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави се наведува во известувањето од МВР.

Би можело да ве интересира

Хрватска: Уапсените за лажни пријави се соочуваат со обвиненија за тероризам

Лажни се дојавите за поставени бомби во повеќе училишта во Скопје

Нови дојави за бомби во Загреб: Евакуации во училишта и медиуми

18-годишно момче е уапсено за дојавување на лажно поставени бомби

Неколку основни и средни училишта во Словенија денес добија е-пораки со безбедносни закани

МВР: Две дојави за поставени бомби пристигнаa електронски до две приватни училишта и Музеј

Горан Наумовски